Ви го најавуваме вториот камп на Real Madrid Foundacion Campus Experience во соработка со Неуромедика

Родители, доколку вашите деца, момчиња и девојчиња го сакаат фудбалот и се на возраст помеѓу 7 и 17 години, кампот на Real Madrid Foundacion Campus Experience може да биде вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височини.

Драги наши фудбалери во јануари дојдете во Охрид, фудбалската приказна на кралскиот светски гигант да ја раскажуваме заедно. Со особена чест и задовоство, Ви го најавуваме вториот фудбалски камп на Real Madrid Foundacion Campus Experience.

Фудбалскиот камп ќе се реализира од 14 до 18 Јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години.

Овој јуни на нашиот камп поминаа 100-тина учесници, голем дел од Македонија но и учесници надвор од границите на татковината. Насмевката на нивните лица и задовоството кај нивините родители е наша најголема награда за добро завршената работа, но и обврска во иднина да ги подигаме стандардите за одлично организиран камп и да бидеме уште подобри и попосветени.. 

Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот. Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот го нудиме на кампот, во делот на спортот, едукација за здрава исхрана каде ќе се истакне важноста на правилната исхрана во развојот на секој спортист, спортски бон-тон и итн. Во интервал од пет дена секоја година специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, кои ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на нашиот камп. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, дружење и многу забава. 

Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа на нашиот камп тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, самоконтрола, иницијатива, напорна и тимска работа

Комплетна понуда на вториот фудбалски камп Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia се состои во:

• „Кралско“ фудбалско искуство за секој учесник на кампот:
Непроценливо искуство со специјално обучени тренери за млади категории (еден тренер на група од 20 учесници на иста возраст), кои на нашиот камп ќе имаат и едукативни предавања за 5 суштински точки кои се фундаментот на кралскиот клуб: респект, самоконтрола, иницијатива, напорна и тимска работа и едукација за здрав живот и здрави навики.

• Сместување и тренинг програма прилагодена на возраста:
Учесниците на кампот ќе бидат сместени во Хотел „Аквалина“ – Охрид. 
5 дена во хотел со 4****, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, одлична инфраструктура и прекрасна местоположба за незаборавни моменти на нашите учесници.

• Оригинал спортска опрема од официјалниот партнер Реал Мадрид Фондација 
Секој учесник на кампот добива спортска опрема која се состои од: дрес, шорц, маичка, штуцни и топка.

• Превоз за секој учесник: 
Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој живее во Македонија. 

• Комплет систематски преглед и медицинска подршка: 
Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на бесплатен медицински преглед од нашиот медицински партнер, „Неуромедика“ во Скопје, Битола и Куманово. Исто така, за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим од три медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на секој учесник.

• Специјална исхрана за млади категории спортисти: 
За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на исхрана за млади категории, подготвена од тим на искусни професионалци во областа на спортот и нутриционизмот.

• Дружење, разгледување на прекрасниот Охрид
Во текот на својот престој на кампот, покрај двојната доза фудбал, нашите кампери ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со деца од целиот регион, да го разгледаат и да го запознаат најубавиот град на Балканот , македонскиот бисер – Охрид.

• Осигурување за секој учесник: 
Секој учесник на кампот ќе има комплетно осигурување за време на одржување на кампот.

 
• Фото албум и диплома за учество на кампот: 
Секој учесник на кампот ќе добие албум со фотографии и диплома за учество на кампот на Реал Мадрид Фондација, заверена од најтрофејниот фудбалски колектив на планетета.
Цена и услови на плаќање 

Цената за учество на кампот е 26.500 денари со можност за плаќање со кредитни картички на 6 (рати) или плаќање на 2 (две) рати врз основа на датумот на пријавата. Можноста за плаќање на 2 (две) рати важи за пријававување до 1-ви Декември 2018 година и плаќањето и е по следниот распоред:

– Прва рата од 13.500 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата, 
– Втора рата од 13.000 денари, најдоцна до 1-ви Јануари 2019 година,

Забелешка: За секое откажано учество на кампот по терминот 15.12.2018 организаторот задржува 40% од првата рата. Доколку без оправдување се откаже пријавениот пред овој рок се задржуваат 10% од ратата, доколку откажувањето е со оправдана причина се враќа уплатата.
Учестникот официјално е пријавен со уплата на првата рата и потврда дека се согласува со условите за учество на кампот.

Како и на минатиот камп, бројот на пријави за учество на фудбалскиот камп е лимитиран на максимум 100 учесници.

Ве очекуваме да бидеме дел од големото семејство на кралските “бели”

Регистрација и целосната програма на следниот линк https://campusexperiencermf.com/mk/македонија
Телефон за контакт +389 71 330-529 ; +389 78 462-622 Viber

Спортски поздрав,

ЕУРО СПОРТ АРЕНА 
Лиценциран партнер на Реал Мадрид Фондација во Македонија

КМГ Спорт
Организатор на фудбалскиот камп на Реал Мадрид Фондација Кампус Експериенс во Македонија

Izvor: Neuromedica, http://neuromedica.com.mk/,