Ексклузивно новогодишно интервју со Д-р Емил Угриновски, генерален директор на Неуромедика: Неуромедика изгради бренд кој без сомнение е синоним за современо здравство и најсовремена болница во државата!

Пред 26 години се формираше тим од двајца лекари и една медицинска сестра, означувајќи го на тој начин стартот на првата приватна поликлиника во Македонија, Неуромедика. Од тогаш до ден денес, Неуромедика изгради бренд кој без сомнение е синоним за најсовремена болница опремена со последни техничко технолошки достигнувања од областа на медицината надополнет со врвен тим од специјалисти и доктори.

Денес разговараме со основачот и директор д-р Емил Угриновски кој вели дека е оптимист за развојот на Неуромедика бидејќи ја има довербата на пациентите. Човекот кој одбил да биде и министер за здравство иако ги има можните решенија сепак, е посветен на својата Неуромедика во која вложува многу труд.

Каков беше патот на Неуромедика, до препознатлив бренд каков што е денес?

Д-р Емил Угриновски: Основањето на Неуромедика во далечната 1992 година, претставуваше пионерски чекор на превземање приватна иницијатива во здравствениот сектор, во период на премин на македонското општество од социјализам кон пазарна економија. Во тоа време кога во Република Македонија сеуште не постоеше приватно здравство, кај нас имаше силна желба и голем ентузијазам да се направи нешто ново и различно, со што значително ќе се подобри квалитетот на здравствената услуга. Во таа насока, посебно сум горд што Неуромедика беше првата приватна здравствена институција, која благодарејќи на новите принципи во работењето во однос на љубезноста на персоналот, брзата и точна услуга, чистотата на објектите и сл, го понесе најголемиот товар на промените во здравството, со што значително придонесе за креирањето свесност кај пациентите за тоа дека и во Македонија може да се добие квалитетна здравствена услуга.

Неуромедика е првата приватна поликлиника во Македонија. Функционирате повеќе од 26 години. Со кои капацитети во моментов располага новата болница Неуромедика?

Д-р Емил Угриновски: Веќе сме во 27-та година од формирањето и функционирањето на Неуромедика. Во јуни 2019-та ќе биде нашиот 27-ти роденден. Тоа е еден огромен период, ние сме и пионери во приватното здравство во Македонија. Неуромедика во моментот располага со 5 свои капацитети, два во Скопје, два во градовите низ Македонија од кои – еден во Куманово еден во Битола и еден во Кукуш – Грција.

Новата болница е домашна инвестиција од 8 милиони евра, од кои 3 милиони евра се инвестирани во медицинска опрема, а остатокот е во градежни и инфраструктурни дејности.

Новата Неуромедика болница е на 8 нивоа на вкупно 3.500 квадратни метри: 23 специјалистички ординации, современо опремени болнички апартмани, хируршки сали, ургентен и дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура,    специјализиран центар за трудова медицина каде се изработуваат сите видови на лекарски уверенија, специјализирани центри за ортопедија и трауматологија, за неврологија со најсовремена дијагностика, за пластична хирургија и општа хирургија, за орална хирургија, за нехируршка естетска медицина на лице, стоматолошки центар, биохемиска лабораторија…

Неуромедика во Македонија е добро препознатлив медицински бренд. Дали пазарот е презаситен со приватни клиники или има уште простор за инволвирање на нови субјекти во овој бизнис?

Д-р Емил Угриновски: Неуромедика е бренд кој е тешко да се формира, а уште потешко да се одржи. Ние ги ангажиравме најголемите стручњаци. Пазарот не е презаситен има можност за отворање на нови болници, но Македонија има недостиг од квалитетен кадар. Така што сите кои отвараат нови здравствени капацитети брзо и ги затвораат, тешко е да се работи на пазарот, бидејќи кубурите со еден многу специфичен и дефицитарен кадар. Тие што работат долги години веќе се етаблирани и имаат свои пациенти. Во овој бизнис не постојат импровизации, и секој несериозен пристап и нестручност носат огромни последици.

Мислам дека македонскиот пазар е искристализиран од сомнителни турски инвестиции како и од инвестиции од Белизе  но и други даночни раеви со сомнителен капитал и затоа пациентите кристално јасно знаат кому и во чии раце да го доверат своето здравје.

Дали Неуромедика има пациенти од странство?

Д-р Емил Угриновски: Ние имаме многу пациенти кои не се државјани на Македонија. Имаме огромен број на пациенти од Косово, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, како и странци кои живеат тука. Тие се задоволни и ги користат услугите на Неуромедика и доаѓаат специјално да направат прегледи.

Која  е таргет групата на пациенти кон кои се обраќате и за кои сегмент од вашите услуги има најголем интерес?

Д-р Емил Угриновски: Ние немаме некоја одредена социјална, религиска, возрасна, полова група и така натаму, таргет се сите пациенти, нашата цел е да продаваме здравје. Тоа чини најмалку, нас ни прави најмалку трошоци, а на пациентите им заштедува време и пари, а бенефитот е здравје. Ние се обидуваме да ги насочиме пациентите да дојдат кога немаат никаков проблем, да дојдат навреме за превентивно да искористат некои од услугите за да не биде доцна. Работиме со сите категории на луѓе, бидејќи имаме најсовремена опрема и ги имаме сите специјалности и услуги, така може да ги сретнете сите, од најбогати до социјални случаи, од млади до стари.

Неуромедика освен во Македонија, како медицински бренд ја има и на терироријата на ЕУ. Веќе 13 години успешно работи вашата поликлиника во Грција. Кои се вашите идни планови?

Д-р Емил Угриновски: Точно, 13 години сме присутни на грчкиот пазар и задоволен сум од нашиот работен процес таму. Ние таму работиме со 8 здравствени фондови. Како бренд сме присутни на плото на ЕУ, што уште еднаш потврдува дека работиме по стандардите на ЕУ.

Доколку сте министер за здравство, кои се првите три работи кој би ги корегирале со цел да ја подобрите бизнис климата во оваа услужна гранка?

Д-р Емил Угриновски: Интересно прашање, да бидам искрен сум имал понуди да бидам министер и сум ги одбил бидејќи имам многу поодговорни работи кои можам да и ги пружам на мојата компанија. Но, ако би имал можност прво би ги изедначил правата на приватното и државното здравство така како што се според Уставот и законите на Република Македонија, би направил да работат под исти услови. Второ би ги охрабрил осигурителните компании да формираат сериозни здравствени фондови за да има квалитетна дополнителна здравствена заштита. И трето би работел на едукацијата на кадарот кој со проблеми се соочува од самото студирање, бидејќи многу малку се вложува. Со тоа би му ја вратил насмевката на здравствениот работник кој треба да се потсети на Хипократовата заклетва која што секој ја има дадено, но за жал и голем број од нив подзаборавено.

Минатата година, добивте признание „Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа (SEE a Paris – South-East European Film Festival 2017).

Д-р Емил Угриновски: Оваа заслуга е резултат на мојата долгогодишна посветеност на отворената соработка помеѓу бизнис секторите во државите на Југоисточна Европа. Веќе 26 години со многу ентузијазам и енергичност посветен сум на унапредување на здравстевениот и бизнис секторите во мојата држава Македонија, а нашите практики и методи веќе долго време ги споделуваме и со повеќе земји од Балканот.

Огромно задоволство ми претставува тоа што жирито кое го доделува ова признание е составено од врвни уметници и интелектуалци кои несомнено имаат значителен придонес во напредокот на културата и соработката помеѓу земјите во Југоисточна Европа. Јас како најмлад добитник на оваа заслуга си земам за задача и во иднина да продолжам активно да работам на ширење на позитивни културни, општествени и бизнис вредности низ земјите од Југоисточна Европа.

Во 2016 год. пак ги добивте наградите “The Best Manager Of The Year” и “The Best Hospital”

Д-р Емил Угриновски: Тоа е престижна награда од страна на организација на Сократ – Комитетот за Номинации и Европската Медицинска Асоцијација кои делуваат при престижната организација Europe Business Assembly од Оксфорд, Англија. Наградата ја добивме во Кан и претставува сериозен стимул за мене како менаџер но и за сите вработени во Неуромедика. Истата многу ни значи во понатамошното работење и развивање на нашата болница бидејќи е добиена помеѓу конкуренција на сериозни болници во регионот што уште еднаш го потврдува нашиот рејтинг и услуги и како таква им ја посветувам на сите наши пациенти кои со нивната доверба ни овозможија да ја добиеме оваа престижна светска награда.

Како ја отценувате моменталната здравствена политика и работата на Министерството за здравство?

Д-р Емил Угриновски: Добро е што на чело на Министерството за здравство дојде човек којшто е од здравствената фела и кој со генетации наназад припаѓа на здравствениот сектор и кој многу добро ги знае проблемите на докторите и пациентите. Несериозно беше со здравството да министеруваат правници, економисти или други не лекари кои првото “М„ од медицината го запознаваат на министерската фотеља.

Целосно го охрабрувам Министерот што прв пат во 28 години самостојна Македонија го изедначи прватното и јавното здравство преку јавно – приватно партнерство, и како таков ја има мојата потполна поддршка и ние како Неуромедика стоиме на располагање со нашите капацитети и врвен стручен кадар за некоја идна соработка.

Кои се клучни фактори за успех во бизнисот и во животот воопшто?

Д-р Емил Угриновски: Како прва и дефинитивно најзначајна лична карактеристика за успех, би ја издвоил желбата за работа, која мора да бидеме реални и да си признаеме дека не ни е баш многу силна страна на овие простори. Всушност, ова е и клучната разлика по која се разликуваат луѓето, бидејќи сите во помала или поголема мера поседуваме вродена прирoдна интелегенција, која со работа и многу залагање може да се надогради во било која област за која личноста е заинтересирана.

Исто така, кога станува збор за успех во услужна дејност каква што е здравствената, покрај стручноста и компетентноста на персоналот, како исклучително значајни би ги издвоил и љубезноста и пристапот спрема нашите клиенти, која особено треба да биде застапена кај вработените што се во директна и секојдневна комуникација со нив.

Source: Neuromedica, http://neuromedica.com.mk/